Др. Петличковски | По вакцина можно е човек да се зарази, но гарантирано неговата болест нема да има сериозен тек

3202

Со прележување на болест се создаваат повеќе различни видови на антитела. Најголем дел од вакцините предизвикуваат создавање на само еден тип на антитела, за кои е докажано дека се исклучително ефикасни во справување со вирусот.

Еднаш создадени по вакцинирање или прележување на болест, антителата не се разликуваат, вели директорот на Институтот за имунобиологија и хумана генетика при Медицинскиот факултет на УКИМ, др.Александар Петличковски.

Тој вели дека интересот за проверка на антителата во Институтот е се уште голем иако пред извесно време оваа институција започна да го наплаќа овој вид на тест.

Според имунологот престојувањето во затворен простор е се уште значаен ризик за заразување.Тој вели дека се уште е рано да се дозволи седење и јадење на поголема група на иста маса во угостителските објекти..

– Сметам дека носењето маски на отворено не е многу популарна мерка од самиот почеток и мислам дека реално, не влијае многу на ширењето на вирусот, вели Петличковски додавајќи дека очекувам наскоро оваа мерка да биде укината.

Луѓето кои имаат прележано ковид 19 постигнуваат подобар имунитет

– Луѓето кои имаат прележано болест и добијат една доза на вакцина, постигнуваат дури и подобар имунитет од луѓето кои немаат прележано болест, а ќе се вакцинираат со две дози на вакцина. По вакцина, можно е човек да се зарази, но гарантирано е дека неговата болест нема да има сериозен тек, вели иминологот.

Според него следната година ќе покаже дали ќе има потреба вакцината против ковид 19 да стане сезонска, но неговите претпоставки говорат дека според досегашниот тек на вакцинација и ширење на вирусот ќе има големи шанси за такво нешто.

На прашањето што доколку некој се соочи со здравствен проблем по првата примена доза, дали тоа лице ќе треба да го одложи примањето на втората доза и ако прима терапија, Петличковски напоменува дека втората доза од вакцината не би требало да се прими доколку лицесто има сериозен проблем, односно тешка алергиска реакција, состојба што бара лекарска интервенција и надзор.

Помладите ако останат неимунизирана ќе продолжи ширењето на вирусот

– Вакцините кои се во оптек се исклучително безбедни и ефикасни вакцини. Не постои научно издржан механизам според кој модерните вакцини би можеле да предизвикаат стерилитет, или каква било сериозна компликација по здравјето години по примањето. Факт е дека помладите од 18 години, многу ретко може сериозно да се разболат, но размислувањето за нивна вакцинација потекнува од сознанието дека тие може да ја пренесуваат болеста и доколку оваа група остане неимунизирана, теоретски може да се продолжи одржувањето на пандемијата. Од тој аспект, сметам дека е добро и деца да бидат вклучени во процесот на имунизација, објаснува докторот.

Во однос на примањето на две различни вакцини против ковид 19, Петличковски смета дека не би требало да се појави некој сериозен проблем по мешање на дози од различни вакцини.

Одлуката за вакцинација треба да биде доброволна

Сметам дека има простор за поагресивна кампања, бидејќи секојдневно се соочуваме со многу неодговорени прашања, за кои има навистина јасни одговори. Исто така, сметам дека одлуката за вакцинација треба да биде доброволна и базирана на достапни и проверливи факти. Мислам дека долгорочно, паричната награда не е најдобро ниту одржливо решение, вели првиот човек на Институтот за имунобиологија.

Според Петличковски можеби нема да постигнеме колективен имунитет, но се надева дека наскоро ќе може да се постигне нормализација на состојбата.

Др. Петличковски: По вакцина можно е човек да се зарази, но гарантирано неговата болест нема да има сериозен тек – Локално (lokalno.mk)