Џек Ма милијардерот брутално искрен | Еве зошто сте сиромашни!

1237

Ако им дадете бесплатно, ќе помислат дека тоа е стапица. Кажете им дека тоа е една мала инвестиција, тогаш ќе кажат дека не можат многу да заработат.

Ако им дадете предлог да инвестираат многу, тие ќе кажат дека немаат пари. Предложете им да пробаат нови работи, ќе се жалат дека немаат никакво искуство.

Кажете им дека тоа што тие го прават е традиционална работа, тие ќе кажат дека тешко е да се работи.

Ако им кажете дека тоа што тие го прават е нов бизнис модел, тие ќе речат дека тоа е MLM маркетинг (начин на дистрибуција во која компанијата ги продава своите производи преку самостојни дистрибутери на крајни корисници), изјави Ма.

“Ако пак им предложите, да отворат продавница, тие ќе се жалат дека немаат слобода.
Кога ќе им предложите да започнат нов бизнис, тие ќе ви кажат дека не се доволно стручни.”

Овој ултрабогаташ, исто така, кажа дека сиромашните луѓе, сакаат за сè да го прашаат Google, да ги слушаат пријателите кои се безнадежни како што се тие. Тие мислат повеќе од универзитетските професор, а работат помалку од еден слеп човек, го пренесуваат агенциите неговото мислење.

Само прашајте ги, што прават и не ќе можат да ви одговорат, рече Џек Ма, изнесувајќи го на крајот и својот заклучок.

“Наместо вашето срце да чука побрзо, зошто едноставно не дејствувате малку побрзо? Наместо само да размислувате за нешто, зошто да не направите нешто во врска со тоа? Сиромашните луѓе не успеваат поради едно заедничко однесување. Целиот живот им е на чекање!”

Основачот на кинеската платформа за интернет трговија Alibaba и еден од најбогатите луѓе во светот, Џек Ма.