Детство со “лоша” мајка | Имавме мајка што нè направи да се чувствуваме поразлични од другите деца

1368

Боби Пингаро, го опиша своето детство и начинот на кој нејзината мајка ја воспитувала неа, нејзината сестра и браќата, поради што како мала била тажна, но денеска и е многу благодарна.

Имам „злобна“ мајка!

Додека другите деца јадат слатки за појадок, јас треба да јадам житарици, јајца или двопек. Додека другите јадат колачиња за вечера и пијат кокакола, јас треба да јадам сендвич. И знајте дека и ручекот не ми бил како нивниот.

Но, барем не страдам сама. Мојата сестра и двајцата браќа ја имаат истата “злобна мајка”.

Мајка ми секогаш сакаше да знае каде сум. Некој би помислил дека сум со улична банда. Таа мораше да знае кои се моите пријатели и каде одам. Постојано бараше да се вратиме за еден час ако така сме се договориле – или порано, а не за еден час и минута. Скоро се срамам да признаам, но таа ќе не казнеше ако не сме ја послушале. Не еднаш, но секој пат кога не сме биле послушни и кога правиме како што сакаме.

Сега гледате колку беше злобна нашата мајка.

Моравме да носиме чиста облека и да се капеме. Другите деца секогаш носеле иста облека со денови. Многу се расправавме затоа што таа самата ја сиеше нашата облека со цел да заштедиме пари.

Зошто, зошто имавме мајка што нè правеше да се чувствуваме поразлични од другите деца?

Но, најлошото допрва доаѓа. Ние требаше да бидеме во кревет во девет секоја вечер и да стануваме во осум следното утро. Не можевме да спиеме до пладне како другите деца. И додека тие спиеја, мајка ми воведе закон за работни односи. Значи, моравме да работиме низ куќата. Моравме да ги миеме садовите, да ги наместиме креветите, да готвиме и да правиме други страшни работи.

Секогаш моравме да ја кажуваме вистината, вистината и ништо друго освен вистината, дури и по цена на нашите сопствени животи – а скоро и да беше така.

Кога станавме тинејџери, таа стана помудра, а нашиот живот уште понесреќен. Немаше трубање на автомобили пред влезната врата на куќата. Моравме да ги повикаме нашите момчиња и девојки дома пред да излеземе со нив. Мама да ги запознае! И секогаш проверуваше дали сме таму каде што сме рекле дека ќе бидеме. Никогаш немав шанса да побегнам со моите другари. И додека моите другарки имаа момчиња во зрела возраст од 12 и 13 години, јас не смеев да излегувам до своите 16 години, односно до 15 години, ако сум излегувала на училиште. А тоа можеби било двапати годишно.

Со текот на годините, работите воопшто не се подобриле. Не можевме, како нашите пријатели, да лежиме болни во кревет и на тој начин да избегнуваме училиште. Моравме да имаме добри оценки. Додека книгите на нашите пријатели беа полни со добри и лоши оценки, ние моравме да имаме само добри. Лошите оценки не доаѓаа предвид.

Така еден по еден матуриравме. Со нашата мајка зад грб која постојано ни зборуваше, повторуваше, инсистираше, казнуваше и бараше чесност. Никој од нас не можеше, а да не заврши барем средно училиште.

Мајка ми беше навистина “катастрофа”. Од нас четворица, тројца завршија средно училиште. Никој од нас никогаш не бил уапсен, или не се вратил дома под дејство на алкохол. Двајцата браќа служеа навреме војска

И кого треба сега да обвинуваме за она што станавме? Во право сте, нашата мајка!

Погледнете што сè пропуштивме! Никогаш не сме пиеле, краделе, уништувале работи или правеле нешто возбудливо како нашите пријатели!

Сè што нè научи е да растеме во верба во Бога и да станеме човечни и праведни луѓе.

А сега и јас ги воспитувам моите три деца така … И ги разбирам кога мислат дека сум малку злобна. Но, јас сум горда на тоа.

Затоа што му благодарам на Бога што ми ја даде „најлошата мајка“ на светот.