
Мажите станале хранители, а жените мајки
И ова не е ништо ново, ниту нешто необично. Тоа се случува во целиот свет и почнало да се случува и пред да почнеме да добиваме книги, скрипти и мудри совети за тоа како да се биде добар родител.
Тоа е сосема природно, вели Jesper Juul, бидејќи од моментот на зачнувањето мажот и жената почнуваат да планираат како да бидат мајка и татко, и на крајот се соживуваат во тоа и забораваат дека повеќе од 20 години пред тоа биле нешто друго. Тоа многу добро се гледа по еден чест пример – мажот и жената повеќе не се повикуваат со нивните соодветни имиња, туку со Мама и Тато. Е тука е многу очигледно токму тоа дека со доаѓањето на детето, односно со фактот дека партнерите стануваат родители, многу од следните години се гледаат само како родители, а не повеќе како сопруг и сопруга, партнери, пријатели и љубовта на својот живот.
Ова е, исто така, јасно преку нивната комуникација, која започнува да се врти само околу децата, со тоа што и таа комуникација со време станува главно негативна. Не затоа што мама и тато се фрустрирани, туку затоа што во семејството, како што детето расте, сѐ повеќе се коментираат оние негативни страни – кои детето ги направило, кои детето мора да ги направи, пофалбите одат само во насока на детето и ретко кога надолго и нашироко за тоа се раскажува семејно.
Со текот на времето, мајките и татковците, и покрај тоа што на почеток си ветиле дека за воспитувањето ќе одлучуваат заедно, тие почнуваат да се разидуваат во мислењата и обично доаѓаат повеќе фрустрации кои ги манифестираат врз децата. И тоа е она што детето не би требало да го гледа, односно тоа е она што брачната двојка не треба да си го дозволи, бидејќи тие фрустрации ќе почнат навистина да влијаат на нивниот партнерски однос – на мажот и жената.
И тука е основниот проблем – родителите на крајот престануваат да бидат партнери, престануваат да бидат пријатели и љубовници, единственото нешто на што се концентрираат е да бидат родител!
И тоа родител кој не е повеќе во состојба да биде пријател и љубовник, бидејќи меѓу нив е создаден целосен јаз преполн со родителска загриженост и фрустрација.
Партнерите пред сé, мора да бидат добри пријатели
Продолжува на страна 3 ⇓


















