Децата имаат потреба од нормални родители, а родителите имаат потреба од маж, односно од жена!

119008

Партнерите пред сé, мора да бидат добри пријатели

Пријателството помеѓу партнерите е нешто што многу брзо почнува да се губи уште на почетокот, а особено се губи во подоцнежните години на родителството. Мајките и татковците забораваат да разговараат како пријатели, како луѓе кои имаат свој идентитет кој мора да биде одделен од идентитетот само на родител.

Ако жената не се согласува со начинот на кој мажот му покажува на детето како да ја реши задачата, жената би требало да може тогаш да му пристапи на сопругот како на пријател, а не како мајка на тоа дете.

Или ако жената премногу се грижи околу ќерката тинејџер која премногу излегува и не знае што сѐ прави надвор, тогаш таткото треба да разговара со неговата сопруга, да ги слушне нејзините мислења и стравови, не како татко на таа ќерка, туку како пријател и партнер на жената. На начин како би разговарал со друга жена, пријателка, која му се жали на вашиот маж за однесувањето на нејзината ќерка.

Затоа е важно родителите да научат да комуницираат повторно, исто како што комуницирале и пред да ги имаат детето. Така ќе успеат да задржат високо ниво на пријателство меѓу нив, фрустрациите околу децата тогаш нема да влијаат на задоволството во спалната соба, и колку да звучи парадоксално – така ќе продолжиме да се развиваме како човечки суштества. А тоа е она што нашите деца треба да видат.

Кога мама и тато зборуваат пред децата, тоа најчесто се разговори кои се однесуваат на детето. Зарем не? Зошто сме тогаш изненадени дека децата мислат дека се во центарот на родителскиот свет – тие едноставно не ги гледаат своите родители како суштества кои се независни, како поединци кои некогаш биле маж, жена, девојка, момче, интелектуалец, хобист, личност со милион специфични ставови и животни аспирации, лица со различни емоции, соништа – не, тие ги гледаат своите родители само како родители кои се занимаваат само со детето!

Затоа, драги родители, советува Jesper Juul, потребно е да земете време за вас повторно да се потсетите како е да се биде партнер – одете од време на време сами во кино, излезете без деца, одете на вечера, одете на викенд и дадете им на децата до знаење дека сега мама и тато еден на друг се центар на светот.

И при тоа на децата отворено дадете им до знаење дека тоа е време за вас – дека тоа е време кога родителите си земаат време да доживеат некое ново искуство кое не е поврзано со децата. Со цел да бидете подобар родител, за да можете да подигнете компетентно дете, оддалечете се од улогата на родители и станете партнери кои го подигнуваат детето заедно.

Споделете со вашите пријатели!

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.