ДЕТОКСИКАЦИЈА | Исфрлете ги сите отрови од организмот

2099

Нарушувањата на системот за варење се нешто со кое речиси секој се има соочено барем еднаш во животот.

Некогаш овие проблеми може да бидат доста непријатни, а решението најчесто е во пробиотиците.

Ова е рецепт за домашен пробиотик кој ќе ви го подобри варењето:

Потребно

  • 500 мл зовриена и подизладена вода
  • Една лажичка чиа семе
  • Сок од еден лимон
  • Сок од еден грејпфрут
  • Изрендан ѓумбир

Подготовка

Водата ставете ја да се вари заедно со ѓумбирот. Пет минути откако ќе зоврие, тргнете ја од ринглата и оставете да се олади, да биде млака. Потоа додадете ги соковите од лимон и грејпфрут, па чиа семето и оставете да отстои 20 минути пред да почнете да консумирате.

Направената доза испијте ја во тек на еден ден. По неколку дена можете да направите нова доза или пак, подготвувајте по потреба.