7. Смртта на Александар Први

Александар Први ја предводел руската војска против Наполеон. За време на неговото владеење Русија ја поразила француската империја и зазела место меѓу водечките светски сили. Неговата војска успеала дури и да го освои Париз.
На врвот на своето владеење 47-годишниот цар ненадејно починал од тифусна треска, што предизвикало шок во Русија. Царот починал во ноември 1825 година во градот Таганрог, околу 1.100 километри јужно од Москва.
Но, луѓето чувствувале дека нешто не е во ред со неговата смрт. Телото на Александар било донесено во затворен ковчег и речиси никој не му го видел лицето. Оние што го виделе телото тврделе дека покојникот не личел на царот.
Со оглед на тоа дека со текот на годините Александар станал посветен верник на православната црква и дека поминувал денови во молитва, дозволувајќи Русија да ја водат министрите, се прошириле гласови дека тој тајно абдицирал и дека избегал во осаменички живот со лажен идентитет на монах. Луѓето дури и определиле извесен монах, велејќи дека тој би можел да биде царот.
Продолжува на страна 8


















