Детален водич низ мистериите на Русија

1686

4. Случајот на превојот Дјатлов

Една ноќ во февруари 1950 година, група од деветмина планинари го изгубија животот на северот од Уралските планини во исклучително необични околности.

Официјалната истрага заклучи дека „причината за смртта е непозната несовладлива сила што планинарите не можеле да ја избегнат“. Се смета дека планинарите среде ноќта нешто ги истерало од нивните шатори, зашто подоцна нивните голи тела се пронајдени на извесна оддалеченост од кампот.

Бројните истраги од страна на професионалци и на аматери никогаш не доведоа до задоволувачко решение. Затоа превојот Дјатлов ја распламти фантазијата на многумина љубители на мистериите ширум светот. НЛО, Јети, шпиони, тајни воени испитувања и црна магија се само некои од објаснувањата за оваа трагедија. Но, никој не знае со сигурност што се случило со искусните планинари кои заминале на експедиција и никогаш не се вратиле.

Продолжува на страна 5