Наутро треба да се избегнуваат рафинираните јагленохидрати.
Сепак, најдоброто време за внесување на јаглени хидрати полека се менува кај фитнес-експертите. Така нутриционистот и лиценцираниот личен тренер Shaun Sacco вели дека всушност треба да се избегнува конзумирање на рафинирани јаглехидрати во утринските часови.
За појадок најважно е да се изеде урамнотежен оброк кој ќе ви даде гориво и ќе ја одржува стабилноста на шеќерот во крвта. Понекогаш е тешко да се најдат добри опции за појадок бидејќи, сакаме да уживаме во слатките опции како што се палачинките.
Ако сакате да уживате во оброкот со поголема количина на рафинирани јаглехидрати, јадете ги пред крајот на денот, објасни Sacco за Popsugar и додаде дека без балансиран појадок, кој вклучува протеини и здрави јаглени хидрати, шеќерот во крвта ќе падне и наскоро ќе почувствувате глад и недостаток на енергија.