Некои делови растат, а некои се намалуваат.
Носот станува поголем
Во текот на животот кај повеќето луѓе носот се зголемува бидејќи ткивото, мускулите и рскавицата околу носот се преобликуваат. На возраст меѓу 50 и 60 години доаѓа до најголеми промени.
Трепките стануваат пократки
Додека на возраст од 20 до 30 години имаме трепки на чија должина многумина ни завидуваат, со текот на годините тие стануваат пократки. Честопати причина за тоа се различните алергии, недоволната нега или пореметената функција на штитната жлезда.
Стапалата се зголемуваат
Всушност, стапалата не стануваат подолги, туку посплескани. Лигаментите и тетивите со текот на годините стануваат понестабилни, па стапалото се шири. Значи може да се случи одеднаш да носиме и два броја поголеми чевли.
Отпечатоците на прстите се менуваат
Научниците од Калифорнија во 2015 година ги истражувале отпечатоците на прстите на околу 15.000 луѓе и откриле дека нашите отпечатоци со текот на годините можат да се сменат.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.



















