Дали Стокхолмскиот синдром е вистинска психолошка состојба или само урбан мит?

889
Кристин Енмарк, грабнувачите на заложниците и полицијата кои направија изненадувачки многу грешки додека одговарала на грабежот.

Половина век по заложничката криза во Стокхолм, од која се појавил терминот Стокхолмски синдром, психијатрите го поставуваат прашањето – дали е тој вистински?

Со англиски зборови “Сите на подот, нека започне забавата!”

Вооружен со автоматска пушка и под дејство на дрога, Jan-Erik Olsson упаднал во банка во центарот на Стокхолм на 23 август 1973 година.

Тогаш почнува заложничката криза која ќе трае шест дена и од која ќе се роди термин познат во светот. Стокхолмскиот синдром значи создавање на емотивна врска и чувство на наклонетост на жртвата према киднаперот.

Веста за киднапирањето се шири како шумски пожар.

“Janne” Olsson земал како заложници четворица вработени, три жени и еден маж. Голем број полицајци пристигнуваат на местото на настанот и елитните снајперисти ја таргетираат банката.

Разбојникот ги користи двајцата заложници како жив штит и се заканува дека ќе ги убие.

Кражбата на банката во август 1973 година ја затече Шведска – и нејзините службеници за спроведување на законот – целосно неспремни.

Често размислував за таа апсурдна ситуација во која се најдовме, се сеќава Kristin Enmark, тогаш 23-годишна, во нејзиниот роман „Станав Стокхолмски синдром“.

Бевме исплашени и стиснати меѓу две смртни закани, едната е од полицијата, а другата од киднаперот.

“Janne” поставува неколку барања: откуп од три милиони круни и ослободување на неговиот колега Clark Olofsson, еден од најозлогласените шведски криминалци.

За смирување на ситуацијата, Владата излегува во пресрет на барањата. Цела Шведска пред телевизорите интензивно ја следи оваа несекојдневна црна хроника, една од првите што се емитувала во живо.

Кога дошол Clark Olofsson, тој го презеде водството и започнал преговори со полицијата на свој начин, се присетува во интервју за AFP, Bertil Ericsson (73), фотограф кој го покривал настанот.

Имаше харизма, беше добар говорник, рече тој.

Фотографите на печатот и полициските снајперисти лежат рамо до рамо на покривот спроти банката Kreditbanken на плоштадот Norrmalmstorg во Stockholm на 24 август 1973 година. Една од заложниците, Kristin Enmark, изјави дека повеќе се плашела да биде убиена од полицијата отколку да биде повредена од отмичарите.

Jan-Erik Olsson се смирил веднаш по неговото пристигнување и Kristin Enmark видела спас во него.

Тој рече дека ништо нема да ми се случи и решив да му верувам, пишува таа. Имав 23 години и бев преплашен.

Kristin неколку пати ѝ се обраќала на јавноста и ги бранела киднаперите.

Јас им верувам целосно. Воопшто не се плашам од нив, ништо не ми направиле. Убави се, рече таа на вториот ден од затворот во телефонски разговор со премиерот Olof Palme.

  • Знаеш ли од што се плашам? Дека полицијата ќе упадне во банката, рече таа.

По шест дена, полицијата одлучува да преземе акција, го дупчи покривот на банката и распрскува гас. “Janne” се предава, а заложниците се на слобода.

Jan-Erik Olsson парадирал низ улицата откако полицијата го приведе по петдневната опсада.

„Ниту љубов, ниту физичка привлечност“

Во преговарачкиот тим е и психијатарот Nils Bejerot. За време на кризата, тој го коментирал однесувањето на киднаперите и заложниците, а подоцна го смислил терминот Стокхолмски синдром.

Овој поим денес е оспорен.

Тоа не е психијатриска дијагноза, вели Christoffer Rahm, психијатар и научник од Karolinska Institute, автор на написот „Стокхолмски синдром: психијатриска дијагноза или урбан мит?“ во интервју за AFP.

Терминот опишува „одбранбен механизам кој и помага на жртвата“ да прифати објективно трауматична ситуација, што пак им овозможува да го ублажат стресот што го чувствуваат, објасни тој.

Cecilia Ase, професорка по политички науки на Stockholm University и експерт за родови прашања, смета дека терминот крие политичка димензија.

  • Надлежните, изјавите на Kristin и другите заложници, ги протолкувале како „сексуализирани, како да се под дејство на некаков синдром“ и изгубиле самоконтрола и разум.

Таквото разбирање е поттикнато од бројните гласини, особено за врската на Kristin и Clark. Иако тие двајца подоцна ќе бидат во врска, нема индикации дека нивната љубовна приказна се родила во банкарски трезор во тие августовски денови во 1973 година.

Од моја страна немло ниту љубо, ниту физичка привлечност, само шанса да преживеам ме заштити од Janne, изјави Kristin, која е инспирација за ликот Kicki во серијата “Clark” на Netflix.

  • Заложниците всушност реагирале неверојатно рационално, оценила Cecilia Ase.

Тие ги повикаа медиумите, презентираа аргументи и се обидоа да ги убедат политичарите и полицијата да ги пуштат.

Професорот смета дека терминот Стокхолмски синдром е измислен за да се скрие неуспехот на државата да ги заштити.

Kristin Enmark е сликана откако шведската полиција заврши со заложничката криза во 1973 година со солзавец; нема убиени заложници.

„Вистинската закана“

Бевме вистинска закана за заложниците, призна неколку години подоцна началникот на полицијата Eric Roennegard во книгата која ги следи постапките на полицијата за време на грабежот и заложничката криза.

Со толку многу полицајци што ја опкружувале банката, постоела опасност заложниците да кренат рака сами на себе.

Дека поранешните заложници биле бесни на властите, говори и тоа што тие молчеле на судењето на киднаперите.

Гледано од психолошки агол, истражувачот Christoffer Rahm проценува дека многумина можат да се идентификуваат со терминот Стокхолмски синдром.

Создавањето позитивна емоционална врска со некој што е закана за вас е реалност што постои, на пример, во односите каде што едната страна е насилник.

Кога ќе се разбере психолошката реакција на жртвата, се ублажува срамот и вината што ја чувствуваат, заклучил тој.