Направете сами домашен сув шампон за коса

1361

Масната коса е мака на многу девојки. Но, со овој едноставен рецепт ќе можете самите да си направите сув шампон и никогаш повеќе да не излезете со масна коса од дома.

За подготовка на овој шампон потребни ви се:

  • Пченкарен скроб
  • Етерично масло од лаванда или лимон
  • Оризово брашно
  • Брашно од индиска маранта

Pодготовка

  • Во сад за складирање сол или бибер измешајте 6 до 10 капки етерично масло од лаванда или лимон и по 2 лажици пченкарен скроб, брашно од индиска маранта и пченкарно брашно.
  • Промешајте и ставете ја смесата на коренот на косата.
  • Малку измасирајте, оставете да делува 2-3 минути, а потоа по потреба исчешлајте по должината на косата.