Рецепти за сите болести
На истиот портал, под рубриката „здравје‟ се продава и лек „кој уништува туморозни клетки за 60 дена‟, „лек против рак‟, „рецепти за сите болести‟, како и „книга за употреба на ММС т.е. чудотворен минерален напиток‟ (од Miracle Mineral Solution) кој наводно лечи сида, рак, аутизам и многу други болести.
Токму тој последен препарат во Србија овие денови предизвика вистинска полемика, а откако тамошните лекари објавија дека лекот всушност содржи средство за дезинфекција на нехлорирана вода и избелувач кој се користи во домаќинствата и дека може да има фатални последици за тие кои го користат, почнувајќи од оштетување на дишните патишта и системот за варење, потоа пликови, па се до смрт.
Покрај сето тоа, дистрибутерите во Србија тврдат дека првите количини на тој препарат ги набавиле во Босна и Херцеговина, од Слободан Масилиќ од Босански Шамац, а кој се претставувал како лекар по природна медицина и хемиски инжинер.
И навистина, Маслиќ има своја интернетска страница под името „Природна медицина‟, но на неа повеќе го нема спорниот производ. Всушност, тој својата веб страница речиси ја затворил.
Неговиот последен пост е од февруари оваа година, а меѓу понудените „лекови‟ повеќе го нема ММС, но има прав од јаглен и петролеј, опишан како „лек против рак, на кој единствена маана му е што е евтин‟.
Во текстот за петролејот, со илустрирана фотографија со шише и етикета на која пишува: „Петролеј за осветлување‟, има неколку примери за наводно излекувани разни видови на рак: едно семејство од Шварц од Берлин, медицинска сестра од Сремски Карловци… Под текстот е и едно прашање, кое го поставил извесен Лека, а кој прашува: „Дали постои некој кој моментално го користи петролејот и може да посведочи за неговата делотворност? Нека се јави, нека прозбори, да помогне и на другите…‟
Иако прашањето е поставено пред цели две години, на него никој не одговорил.
Продолжува на страна 3



















