Настанокот на чудотворниот напиток
Сараевскиот хирург Ибрахим Церо смета дека лечењето со препарати кои не поминале процедура на клиничко испитување и регистрација од надлежната агенција за лекови отвара можност не само за злоупотреба, туку и за штетни ефекти по здравјето на луѓето.
За наведените препарати кои се нудат преку слободна продажба на интернет вели дека немаат никаква ни експериментална, а ни научна студија која би ги потврдила наводните позитивни ефекти кај одредени болести, па истакнува дека се можни разни нуспојави, како и трајни штетни последици по здравјето на нивните конзументи.
За сето тоа сакавме да разговараме со Слободан Маслиќ, сопственик на сајтот „Природна медицина‟ и да го прашаме дали неговите наводни лекови поминале анализи, имаат ли дозвола за продажба и зошто од содржината го потенцирал „чудотворниот напиток ММС‟, па се јавувавме на сите понудени броеви на страницата. Меѓутоа, сите кои се јавија рекоа дека тоа не е број на Слободан Маслиќ, дека тие не продаваат никакви лекови, не знаат што е ММС; ниту имаат нешто со тоа. А многу брзо се откри дека „ништо со тоа‟ немаат ни многу државни, ентитетски и општински институции во државата.
Тијана Спасојевиќ, портпарол на Агенцијата за лекови и медицински средства во БиХ, рече дека, според ентитетските закони за аптекарска дејност, продажба на лекови преку интернет е забранета. Кога се работи за поединечни продажби преку интернет, вели дека тие напитоци не спаѓаат во лекови, ниту се регистрирани како такви. „Со промет на лекови на мало можат да се занимаваат само аптеки на кои ентитетските министерства се надлежни за дејностите за здравје и тие ги издаваат дозволите. Физички лица и нелиценцирани установи не можат да се занимаваат со тоа и таков промет е нелегален‟.
Продолжува на страна 4



















