
Контактот со очи помеѓу две лица за повеќе од 4 секунди често не значи ништо. Но, повторен поглед и трет таков веќе сигурно значи некаква заинтересираност, чиј мотив би можело да биде сексуалното привлекување.
Обично, кога влегуваме во некакви љубовни односи, ние забораваме дека освен розовиот свет на нашата врска однадвор постои еден многу поголем, заситен со безброј други луѓе. А, човекот – тој е социјално суштество има потреба да комуницира со другите, да разменува информации. Флерт е едно такво дружење, размена на впечатоци.
Имајќи ја предвид генезата на флертот како запознавање на другиот, можеби треба да почувствуваме дека кога се дразниме зашто саканиот човек погледнува друг / а, ние чувствуваме страв.
Стравувањата се дека ќе го изгубиме. Инстинктивната реакција е да се држиме до најблиските, за да се зачува врската од работите кои ги прифаќаме за опасни. И така всушност без да сакаме го изолираме од реалноста, што е комуникација на различни нивоа.
Но, додека контактот со очи и комплиментите се некако умерени и адекватни за еден врзан, половиот однос е сосема поинаков феномен. Тоа си е неверство.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.


















