Солени палачинки со тиквички

1911

Многу вкусни и неодоливи …

Пaотребно

  • 1 поголема тиквичка (околу 270 гр)
  • 1 чешне лук
  • 2 јајца
  • малку магдонос
  • 1 лажиче прашок за пециво
  • 100 гр брашно
  • 100 мл млеко
  • 50 гр гриз
  • малку мелен сув зачин
  • сол, бибер

Подготовка

Излупете ги тиквичките и изрендајте ги на крупно ренде.

Ситно исецкајте ги лукот и магдоносот и додадете ги во тиквичките. Додадете ги сите останати состојки и убаво измешајте. Зачинете по вкус.

Во поголема тава на рингла загрејте малку масло. Со голема лажица вадете од смесата од тиквички и ставајте во тавата. Малку притиснете со лачицата да ги обликувате палачинките.

Пржете ги од двете страни додека да добијат убава златно-кафена боја.