KOПАР

113

Копарот е едногодишно или двогодишно растение со интензивна зелена боја, кое достигнува висина до 90 сантиметри, а цвета во јули и август.

Доколку имате проблеми со дигестивниот систем, тогаш треба копарот да го внесете во секојдневната исхрана, односно да го додавате во салатите или како чај.

Копарот се користи за намалување на зголемениот крвен притисок затоа што ги шири крвните садови, дејствува како диуретик, а се користи и за лекување на болести на црниот дроб.

Исто така, помага при стомачни болки кај малите деца, повраќање, нервна напнатост и несоница, како и за зголемување на мајчиното млеко.

Чајот од копар се подготвува на следниов начин:една лажичка копар се попарува со 300 мл. врела вода и се остава да отстои 1 час, се пие три пати на ден по 50 мл. пред и после јадење.

Но, не заборавајте дека копарот се користи и како зачаин за многу свежи и млечни салати или сосови.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.