Спој на регионите
Ако имате можност да си допуштите, тогаш изберете вино кое доаѓа од исто поднебје како и храната. На пример, ако јадете пица, пробајте некое италијанско вино.
Егозотична храна и неегзотично вино
Ако јадете зачинета храна за вечера, како на пример индиската, не нарачувајте Cabernet Sauvignon, бидејќи топлината на алкохолот ќе ги појача вкусот на зачините кои ги јадете. Наместо тоа, со егзотична зачинета храна пијте вино кое е позасладено. Ако ништо друго, јазикот ваш ќе ви биде благодарен, а вие ќе може да уживате во вкусот на храната.
Виното секогаш треба да е послатко од храната
Колку е храната послатка, толку потешко ќе го чувствувате вкусот на виното. Темното чоколадо кое се користи за готвење оди добро со слатко вино. Од друга страна, благото чоколадо влијае на непцето и виното ќе остави горчлив вкус.
Ако оди со грозје, оди и со вино
Виното послужено со сирење е секогаш добра комбинација за закуска. Но, постојат различни видови на сирење, од кои не сите одговараат со одредено вино. Затоа, ако знаете дека одредени видови на сирење добро одат со свежо грозје, тогаш можете да заклучите дека ќе одат добро и со вино кое има силна овошна нота.
Ако сте колебливи, одберете розе
Ако не сте љубители на белото вино и го преферирате црното, тогаш направете компромис за јадењата кои бараат бело и одберете розе вино. Шпанската кујна, како и сушито одлично се согласуваат со розе вино.
Ова се некои основни правила за комбинирање храна со вино, нешто како „бон-тон“ за вино. Но, секако, што вас добро ви оди на непце и на јазик, тогаш е дозволено да се комбинира. Не плашете се да не направите грешка и уживајте во виното.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.


















