Вечерва со почеток од 19 часот на летната тераса на хотелот „Александар Палас“, пејачката Биба Додеваза ќе го промовира својот нов албум „Незаборавни“, пред новинарската фела и пријателите.
Алубомот е реализира во соработка со една професионална екипа предводена од веќе афирмираниот композитор и аранжер, инаку актуелниот директор на МАКФЕСТ, Владимир Дојчиновски.
Ова се соработниците на аранжманите адаптирани од Дојчинот:
- Придружни вокали – Сара Николовска
- Бас, контрабас – Ташко Грујовски
- Програмирање, снимање, миксање – Владимир Дојчиновски
- Мастеринг – Иле Спасов
Гости – Васко Атансаовски, Stella Tempreli, Коки Јанков, Thanos Stavridis, Горан Папаз, Сашо Николовски, Сенад Усеин, Горан Алачки, Петар Ренџов и Димитар Михајловски.

Станува збор за 11 преработки на македонски евергрини и три бонус авторски песни.
НЕЗАБОРАВНИ
Те носам во мене
како песна од која гласов трепери
со ВИОЛИНА И ГИТАРА
под пенџере дојди ми КАКО НЕКОГАШ.
И сѐ зад себе оставам
сѐ што збор ми одзема
нека ја снема болката
нека оди ВО БЕСТРАГА.
Сравот ми го ситниш
и во мене се заколнуваш
та ме задеваш и велиш ТИ САМО ЗБОРИШ
и со ЕДЕН БАКНЕЖ ме замолчуваш.
Во чекорот будно ме следиш
и молкум крај мене одиш
низ СРЕБРЕНИ УЛИЦИ
кои се прелеваат од дождот
во спокој од кој СКОПЈЕ се буди.
И сакам да осамне ден
во кое силно ќе светне
нашето СОНЦЕ ЗА ТРИ СВЕТОВИ
и ова ЕДНО СРЦЕ што во градите бие
да ти шепне ЛАЖИ МЕ за љубов вечна.
Повикај ме нежно АНУШКА остани
да сме ти и јас еден до друг
во приказна без крај
као НЕОБИЧЕН КРУГ кој не завршува
со пој од ПТИЦА која на југ не заминува
и песни за љубов.
Ана Бунтевска



















