Беровец запалил „мерцедес“ со швајцарски таблички

501

Маж од беровското село Митрашинци запалил возило марка „мерцедес“, велат од МВР.

Денеска (05.01.2023), полициски службеници од Полициската станица Берово го лишиле од слобода Д.Г.(36).

Тој се сомничи дека на 04.01.2023 околу 22.00 часот во с.Митрашинци предизвикал пожар во патничко моторно возило „мерцедес“ со швајцарски национални ознаки, сопственост на Т.Н. од с.Калиманци, виничко.

Д.Г. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава.