Балерина открива што јаде – Да останам слаба, а да не гладувам

2594

Просечниот ден го започнувам со: Пијам голема чаша вода, прво тоа го правам.

За појадок имам: Споро варен овес со органски ореви и половина праска.

За ручек имам: Сецкана салата со ракчиња, домат и авокадо.

За вечера имам: Зелена летна салата со свежи тестенини од цело пченино зрно во домашен сос од домати.

Денес јадев: Органско јаболко, сирење и сурови бадеми.
Мојот омилен пијалок секогаш е вода!

Единственото нешто што никогаш нема да го јадам е: Всушност, не ми се допаѓа храната со многу сол и полномасна павлака.

Мој омилен тренинг е: Ballet Beautiful.

Храната во која уживам, а ми предизвикува чувството на вина е: Чоколадо и сирење. Без ова, не би можела да живеам.

Мој омилен здрав оброк е: Свежо овошје и сурови јаткасти плодови – затоа што се брзи, едноставни и преносливи.

Три состојки кои секогаш ќе ги најдете во мојата кујна се: Свежо овошје, органско млеко и органски јајца кои не се несени во кафез.

Мојот најголем здравствен совет за патници е: Придржувајте се колку што е можно повеќе до рутината слична на она која ја имате дома. Барајте здрави избори, вежбајте и пијте многу вода за да останете хидрирани.

Моето препознатливо здраво јадење е: Салата со предјадење. Ми се допаѓа свежа органска салата со пилешко подготвено на скара со сос, или со риба на жар.

Н О В О !!!

Бидете и вие дел од фамилијата на my World

Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg

Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world | Cashback – Враќање пари при секое купување

Најбараната Cashback Card во Македонија можете да ја добиете БЕСПЛАТНО ако се регистрирате преку нашиот сајт www.kukuriku.com.mk