АЛЕКСАНДАР III МАКЕДОНСКИ (22 јули 356 г.п.н.е. – 10 јуни 323 г.п.н.е.)

75

Македонски Крал роден на 22 јули 356 г.п.н.е. во Македонската престолнина Пела – Крал од династијата Аргеади, син на Крал Филип II Македонски и кралица Олимпија, ученик на Аристотел по род Македонец.На 10 јуни се одбележува смртта на најславниот македонски син.

Во ноќта на 10 спроти 11 јуни 323 година пред Христа, во 33 година од својот живот, во Вавилон починал Македонскиот Цар Александар Трети.

Римјаните му го дале прекарот Magnus, „Великиот освојувач на светот“. Император, космополит сакајќи да го обедини светот го освои нејголемиот дел од тогашниот познат свет и се смета за еден од најважните личности во целата светска историја.

Свој дел во формирањето на личноста на Александар имал и Аристотел кој му станал учител на 14 години и на неговите генерали.

Од својата шеснаесетта година Александар учествувал во државничките работи. Во битката кај Херонеја, 338 г.пр.е. го водел левото крило на македонската војска, на дваесетгодишна возраст Александар по смттра на татко му Филип станува Василeј – владетел на Македонија.

Потоа со неговата војска Фаланга, го почнал големиот поход. Во 334 п.н.е. со 40.000 војници навлегол во Мала Азија. Александар со походот продолжил 333 п.н.е., во Гордион, престолнината на фригиските кралеви. Тука, според една легенда, го пресекол со меч неразврзливиот јазол, со што го исполнува пророштвото дека ќе загосподари со Азија.

Првата битка со големиот крал Дариј III се случила кај Ис во 333 п.н.е., каде што Александар со својата војска извојувал победа, а Дариј избегал од бојното поле. Во Египет бил дочекан како ослободител и бил прогласен за фараон. Во Мемфис, египетските свештеници му ја предале двојната круна на египетските фараони.

Во 331 п.н.е, на делтата на реката Нил го основал градот Александрија. Преку Сирија, навлегол во северна Месопотамија. Во 331 п.н.е во Битката кај Гавгамела извојувал победа против бројната персиска војска. По победата, бил прогласен за Крал на Азија и влегол во градот Вавилон, еден од главните центри на Персиското царство. Отаму, продолжил кон срцето на Персија и ја освоил Суза, втората престолнина на персиската држава.

Во походот на Индија, кај реката Хидасп во 326 п.н.е, Александар ја водел битката против Пор, кралот на Пенџап. По големата победа над овој индиски владетел, ги присоединил земјите од оваа страна на Инд кон својата империја. На местото на Битката кај Хидасп, Александар го основал градот Никаи (Победа), а во близина подигнал уште еден град, наречен Букефала, во чест на неговиот коњ Букефал.

На врќање од Индија, на брегот на реката Инд, основал нова Александрија, еден од 17-те градови под ова име. На брегот на Индискиот Океан, неговата војска се поделила на два дела, едната под команда на Александар се движела по копно, а другата под команда на Неарх, пловела 80 дена.

По враќањето од својот индиски поход, Александар планирал нови походи. Наредил да се извршат подготовки за поморско патување околу Арапскиот Полуостров до Картагина и до островите на Херакле (Мелкарт), најстариот теснец меѓу Европа и Африка (денес Гибралтар).

Овие планови, пропаднале поради неговата смрт. Битката на реката Инд била крајната точка од каде дел од македонската војска се вратила назад.

Александар со неговата војска создал Империја каква што не постоела пред и после него.