Албер Ками | Четири заповеди на слободниот новинар

164

Во 1939 година слободниот новинар не очајува и се бори за тоа што верува дека е вистина, дека неговото делување може да влијае на текот на настаните. Не објавува ништо што би можело да поттикне омраза или да предизвика очај. Сето тоа е во негова моќ.

Тешко е денес да се спомне слобода на печатот, а да не ве обвинат за неумереност или дека сте Хари Мата Хари, или да не ве наречат дека сте роднина на Сталин. Меѓутоа, таа слобода е едно од лицата воопшто и треба да се разбере нашата истрајност во нејзината одбрана, ако признаеме дека не постои ниту еден друг начин навистина да се победи во војната.

Секако, секоја слобода има свои граници. Уште само треба слободно да се препознае. Впрочем, за пречките кои денес стојат пред слободното мислење, рековме се што можеме да кажеме и ќе зборуваме уште, се што можеме, до заситување. На пример, никогаш нема да престанеме да се чудиме, кога е наметнато начело на цензура, дека преносот на текстовите објавени во Франција кои тамошните цензори ги одобриле, се забранети во Ле Соир Републикан (дневен весник кој е објавуван во Алжир, чии уредници биле Албер Ками и Паскал Пиа). Фактот дека во тој поглед еден весник зависи од расположението или компетенцијата на еден човек, укажува подобро од што било на степен на неосвестеност во кој се најдовме денес.

Едно од добрите правила на филозофијата достојни за да ја нарекуваме така, е никогаш да не се расфрламе со претерани поплаки пред состојбата на работите кои не можат повеќе да се избегнат. Во Франција денес повеќе не е прашање како да се зачува слободата на печатот, туку како во тоа новинарот, пред укинувањето на тие слободи, да може да остане слободен. Проблемот не се однесува повеќе на колективот. Тој се однесува на поединецот. А токму тука сакаме да ги одредиме условите и методите преку кои слободата може и среде војна, не само да се зачува туку и да се изрази.

Постојат четири такви методи: Луцидност, одбивање, иронија и воздржаност

Луцидноста претпоставува отпор на занесите на омраза и култ на фаталноста. Според нашето искуство во светот, сигурно е дека се може да се избегне. Самата војна, која е човечки феномен, може да се избегне во секој момент или да се спречи со човечки средства. Доволно е да се познава историјата на европската политика последните години за да бидеме сигурни дека војната, каква и да е таа, има јасни причини. Тој бистар поглед на работите ја исклучува слепата омраза и безнадежноста оставена без контрола.

Во 1939 година новинарот не очајува и се бори за тоа што верува дека е вистинито, дека неговото делување може да влијае на текот на настаните. Не објавува ништо што може да поттикне омраза или да предизвика очај. Сето тоа е во негова моќ. Пред плимата на глупости, исто така треба да се спротивстават на неколку одбивања. Сите присилувања на овој свет не можат да внесат ниту малку честит дух да се прифати нечесност. Значи, а и според тоа колку го познаваме механизмот на кружење на информациите, лесно можеме да се увериме во автентичноста на некои вести.

Токму на тоа слободниот новинар мора да го насочи целото свое внимание. Бидејќи, ако не може да каже се што мисли, може да не го каже она што не го мисли или што смета дека е погрешно. Според тоа еден весник се мери според тоа што ќе го каже, а и според тоа што нема да го каже. Таа целосна негативна слобода е најважна од сите, ако знаеме да ја одржиме. Бидејќи таа подготвува доаѓање на вистинската слобода.

Продолжува на страна 2