Албер Ками | Четири заповеди на слободниот новинар

2775

Според тоа, независен весник го обелоденува потеклото на своите информации, помага на читателите во нивната проценка, одбива пропаганда, ги укинува навредите, ја прикрива униформираноста на информациите во коментари, т.е. накусо, служи на вистината и на човековата мера на своите сили. Таа мера, колку и да е релативна, му дозволува барем да го одбие тоа на кое ниту една сила на светот не може да го присили: Да служи на лагата.

Така стигнуваме до иронијата. Начелно можеме да претпоставиме дека духот кој има наклоност и средства за наметнување на присила, е непробоен на иронијата. Не гледаме баш дека Хитлер, да се послужиме само со еден од многуте примери, се служел со сократовската иронија. Еднакво е вистина, значи, дека иронијата е единствено оружје против моќниците.

Таа го дополнува одбивањето бидејќи дозволува не да се отфрли она што е лажно, туку често да се говори она што е вистинито. Во 1939 година слободниот новинар не негува премногу илузии за паметта на тие што го угнетуваат. Тој е песимист. Вистината изречена со догматски тон се цензурира девет до десет пати. Истата таа вистина изречена на шега, се цензурира пет до десет пати.

Тој распоред прилично точно претставува способност на човечката интелигенција. Објаснува зошто француските весници Le Merle или Le Canard enchaine (француски сатирични весници) можат редовно да објавуваат храбри натписи какви што ги познаваме. Во 1939 година слободниот новинар значи е нужно ироничен, иако често против своја волја. Но, вистината и слободата бараат конкубини, бидејќи имаат малку љубовници. Откако, накусо ја опишавме таа состојба на духот, јасно е дека таа не може успешно да се одржи без минимална доза на истрајност.

Низа пречки стојат на патот на слободата на истражувањата. Но, не се најостри пречки тие кои би можеле да го обесхрабрат духот. Бидејќи, заканите, прекин на работата и гонењето главно во Франција доведуваат до спротивен ефект од саканиот. Но, треба да се признае дека постојат обесхрабрувачки пречки: Постојаност во глупавоста, млитавост, агресивна ограниченост, да наведеме само некои. Тука се наоѓа и голема пречка која треба да се совлада. Истрајноста во овој случај е кардинална доблест. Низ интересен, но и очигледен парадокс, се става во служба на објективноста и толеранцијата.

Значи, тоа е склоп на правила за зачувување на слободата се до сржта на ропството. А потоа? Ќе кажете: Потоа? Не брзаме премногу. Кога секој Французин би сакал во своето опкружување да го задржи она што смета дека е вистинито и праведно, кога со својот мал удел би сакал да помогне во одржување на слободата, кога би одбил да се препушти и би сакал да ја истакне сопствената волја, само и само тогаш би ја добиле оваа војна, во вистинска смисла на зборот.

Да, слободниот дух на овој век често прибегнува кон иронија против своја волја. Но, како да се најде било што шашливо во овој нервозен свет? Доблест на човекот е да се одржи пред сѐ што го порекнува или негира. Никој не сака за 25 години повторно да го почне двојното искуство од 1914 година и 1939 година. Значи, треба да се обидеме со целосно нови методи на правда и великодушност. Но, тие се искажуваат само во веќе слободни срца и во уште поитар дух. Да се обликуваат тие срца и тој дух или можеби само да се разбудат, е истовремено скромна и прецизна задача која го зафаќа секој независен човек. Треба да се држиме до тоа и да не гледаме повеќе напред. Историјата овие напори ќе ги уважи, а можеби и нема. Но, тие се направени.