Детокс напитоци за брзо прочистување на организмот

194

 Доколку досега не сте внимавале на исхраната и сте наталожиле повеќе килограми, а сакате да воведете ред и да го прочистите телото ви препорачуваме два магични и вкусни напитоци од портокал.

1. Детокс напиток со портокал, лимон и мед

Потребно ви е: сок од 4 портокали, 1 лажица лимонов сок, 1 мала лажица мед.

Сите состојки помешајте ги и уживајте во прекрасниот вкус.

2. Детокс фрапе од портокали

Потребно ви е: сок од 2 портокали, 2 дл јогурт, 1 банана, 1 лажица лимонов сок, 1 мала лажица мед.

Помешајте ги сите состојки во блендер и уживајте во вкусот.

Сокот можете да го пиете преку целиот ден со цел да го „исплакнете“ организмот, а фрапето искористете го како замена за меѓуоброкот или вечерата. Овие два напитока комбинирани со лесна храна ќе ве препородат по деновите исполнети со масна храна.