Ако зависите од вашиот мобилен, ја зголемувате можноста да добиете сериозни болести

1112

Четворица од десет студенти се зависни од паметни телефони и оваа навика им предизвикува големи проблеми со спиењето, покажа истражувањето на Кралскиот колеџ во Лондон.

Зависноста од мобилен телефон предизвикува депресија и вознемиреност.

Како станавме зависни од мобилните телефони?

Во студијата учествувале 1.043 студенти на возраст од 18 до 30 одини, а 406 од нив покажале зависност од паметни телефони, објави Гардијан.

Повеќе од две третини од зависниците имаат проблеми со спиењето, а учениците кои користат телефони по полноќ или четири или повеќе часа на ден се изложени на најголем ризик од развој на зависност од овој технолошки уред.