Африка се дели на два дела, и тоа многу побрзо отколку што се мисли – Видео

818

Источна Африка се одвојува од остатокот на континентот, во контекст на геолошките настани кои за милион години би можел да го остави континентот без неговиот “рог”. Сепак, овој природен феномен веќе сега предизвикува проблеми.

Геолошкиот расед на источната страна од континентот, кој еден ден ќе го пополни океанот, се шири многу побрзо отколку што научниците претпоставувале.

Од таа причина, кенискиот транспортен пат Мај Mahiu пропаднал откако се појавила под него пукнатина, изјави Кениската национална управа за патишта за Дејли Нејшен.

Раседот е преплавен, што дополнително го влошува проблемот со создавање на дополнителни пукнатини во почвата.

“Големиот расед ја дели Африка на две плочи. Откривме дека сомалиската плоча се одвојува од остатокот на континентот со брзина од 2,5 сантиметри годишно. Ако овој тренд продолжи, плочата на Сомалија ќе продолжи да се одвојува од нубијската плоча, што дополнително може да ја загрози постојната инфраструктура и безбедноста на населението”, изјави геологот Дејвид Адеде.

Научниците ќе продолжат да работат на проучувањето на оваа појава, со цел да ја советуваат владата во однос на најбезбедните места за изградба на патишта и куќи.

Одделување на сомалиската плоча е предизвикано од движењето на дел од Земјината обвивка, која ја пренесува топлината од јадрото на Земјата кон површината.