Ова е НАЈОПАСНИОТ ПИЈАЛАК ЗА ВАШИОТ ЦРН ДРОБ, а не е алкохол !

1055

Доволно е да се знае дека црниот дроб ги филтрира токсините од нашето тело, за да разбереме колку е важно овој орган да биде здрав.

Кога луѓето зборуваат за оштетување на црниот дроб, на луѓето алкохолот најчесто им паѓа на ум. Меѓутоа, новото истражување открива дека сосема друга категорија на пијалоци е најштетна за црниот дроб… а за разлика од алкохолот, дури и децата го консумираат!

Студијата The Framingham Heart започнала со испитувања во Бостон во 1948 година, и така стана постојана и важна алатка за стекнување информации и едукација на јавноста за тоа како нашите избори како пушењето или исхраната можат да влијаат на здравјето и долговечноста.

Истражувачите од Медицинскиот факултет на Универзитетот во Бостон објавија интересно ажурирање за оваа студија во медицинското списание Clinical Gastroenterology and Hepatology.

Новите податоци се испитуваат од 2002 година. Во оваа фаза биле анализирани 1.636 потомци од првобитната генерација на испитаници, а нивната просечна возраст била 63 години, додека просечната возраст на третата генерација на испитаници била 48 години, пренесува порталот “Eat This, Not That”.

Учесниците ги информираа истражувачите колку често консумираат сода вода или пијалаци засладени со шеќер, се со цел да се утврди како тие влијаат на инциденцата на безалкохолни масни заболувања на црниот дроб.

Безалкохолното заболување на замастен црн дроб може да не доведе до сериозни здравствени проблеми, но може да предизвика зголемување на црниот дроб, предизвикувајќи непријатност во горната десна страна на абдоменот.

Овој дел од „The Framingham Heart Study“ тврди дека безалкохолното заболување на замастен црн дроб може да се спречи ако ги елиминираме пијалоците засладени со шеќер од нашата исхрана.

Истражувачите известуваат дека оние кои често консумираат такви пијалоци (помеѓу повеќе од еднаш дневно и повеќе од еднаш неделно) имаат два до два пати поголеми шанси да развијат безалкохолни масни заболувања на црниот дроб.

  • Оние кои повремено консумираат пијалоци засладени со шеќер (односно, помеѓу еднаш месечно и помалку од еднаш неделно), исто така имаат неповолно зголемување на мастите во црниот дроб во споредба со оние кои воопшто не ги консумираат.