„Полицаец ми кажа да ја симнам капата затоа што го потсетува на 90-тите“.
Во организација на Здружението на друштвото „Јосип Броз Тито“ од Хрватска денеска се одбележува Денот на младоста во Кумровец.
Од раните утрински часови пристигнуваат посетители од целиот регион, а на прославата присуствуваше и поранешниот претседател на Република Хрватска Стјепан Месиќ.
24сата пренесува дека дел од посетителите на денешниот собир биле предупредени од полицијата да си ги симнат капите што наводно премногу ги потсетувале на полициските капи од 90-тите.





















