КАКО ДА СЕ СПРЕЧИ ЗГОЛЕМЕНА ГЛИКОЗА ПО ОБРОКОТ ? Редоследот на консумирање намирници е клучен, а повеќето грешат во еден чекор

1328

Биохемичарот го објасни целиот процес.

Ако сакате да избегнете ненадеен скок на шеќерот во крвта после оброкот, треба да јадете храна по одреден редослед, а принципот е објаснет од биохемичарот и авторот на книгата Џеси Иншусп.

– Науката покажува дека ако јадете оброци по одреден редослед, можете да го намалите зголемувањето на гликозата после оброк за 75%. Така што, не мора да се ограничувате само на храната. Идеалниот редослед е следниов:

  • Прво зеленчук
  • Протеини и масти
  • Скроб и шеќер

– Да речеме дека за ручек имате лосос, спанаќ и интегрален ориз, со парче торта за десерт. Според теоријата, прво треба да јадете спанаќ, па лосос, па ориз и дури потоа десерт, изјави Џеси.

Ако сте во ресторан, таа ве советува да не го јадете бесплатниот леб што го добивате пред да пристигне оброкот.

– За оние кои јадат леб на празен стомак, гликозата во крвта ќе скокне. Кога ќе го завршат главниот оброк, гликозата во крвта ќе им се намали, а потоа ќе се чувствуваат гладни и жедни за нешто друго. Тоа не значи дека треба целосно да го прескокнете лебот, но ако јадете по овој редослед (зеленчук, протеини и масти, скроб и шеќер) ќе го стабилизирате шеќерот во крвта – тврди Џеси, според Mind Body Green.