Дали сте слушнале за „златната“ крвна група ? Толку е ретка што ја имаат само 43 луѓе во Светот

1517

Ако мислите дека има само четири крвни групи – ужасно сте се излажале.

Постојат четири основни типови на крвни групи, А, Б, АБ и 0, тоа нè учеа на часовите по биологија. Секоја од овие крвни групи може да биде позитивна или негативна, во зависност од тоа дали Rh факторот е присутен во неа – или не.

Како крвните групи влијаат на вашиот сексуален живот

Повеќето луѓе во светот имаат нулта крвна група. Од друга страна, најретка е крвната група Rhnull, која експертите ја нарекуваат и „златна крв“. Како што покажале некои студии, само 43 луѓе во Светот ја имаат оваа крвна група.

Откриен е дури во 1961 година и нема ниту еден од 50-те антигени од резус системот. Иако овие луѓе можат да даруваат крв на секого, нивниот живот, во случај на потреба, можат да спасат само неколку луѓе. Затоа оние со оваа крвна група се поканети редовно да даруваат крв.