ГОЛЕМО ОТКРИТИЕ | Научниците во чилеанската пустина откриле гробишта на праисториски летечки рептили

2693

Коските припаѓаат на птеросауруси, летечки суштества кои живееле покрај диносаурусите и имале голем распон на крилја.

Научниците од Чиле објавиле дека откриле ретко место со добро сочувани коски на праисториски летечки влекачи кои талкале по пустината Атакама на Андите пред повеќе од 100 милиони години.

Коските им припаѓаат на птеросаурусите, летечки суштества кои живееле заедно со диносаурусите и имале голем распон на крилјата и се хранеле со филтрирање вода низ долги тенки заби, слични како на фламинго.

Група научници, предводени од Џонатан Аларкон, научник од Универзитетот во Чиле, со години трагала по птеросауруси, но откритието ги надмина нивните очекувања.

„Ова е од глобално значење бидејќи таквите наоди се релативно ретки“, рече Аларкон. „Остатоците од птеросаурусите пронајдени речиси насекаде во светот се индивидуални.“

Откривањето на овие ретки гробишта ќе им овозможи на научниците да ги проучуваат навиките на птеросаурусите, а не само неговата анатомија, рече тој.

„Би можеле да одредиме како се составени заедниците на овие животни, дали тие го одгледуваат своето потомство или не“, додаде тој.

Друго неочекувано изненадување за научниците е колку добро добро се сочувани откриените коски.

„Повеќето од пронајдените коски на птеросаурусите се срамнети со земја, скршени“, рече Дејвид Рубилар, шеф на палеонтологијата во Чилеанскиот музеј за национална историја.

„И покрај тоа, успеавме да најдеме зачувани тридимензионални коски на ова место“.

Ова им помага на научниците подобро да ја разберат анатомијата на птеросаурусите. Локалитетот со откритијата се наоѓа на 65 километри од второто место каде се пронајдени други остатоци од птеросауруси.

Ова откритие ја поддржува хипотезата на научниците дека птеросаурусите некогаш биле широко распространети во северниот дел на Чиле.