СЕРИОЗНО ? Elon Musk објави дека ја купува Кока-Кола и откри: „Го враќам кокаинот во рецептот!“

1381

Кога Coca-Cola е лансирана во 1800-тите, беше полна со кокаин и кофеин. Elon Musk најавува дека кога ќе ја купи, контроверзната состојка ќе се врати на голема врата.

Извршниот директор на Tesla, Elon Musk, сподели бизарна желба да ја купи Coca-Cola, и најави голема промена во рецептот. Поточно, враќањето на корените.

„Следно, ја купувам Coca-Cola за да го вратам кокаинот во неа“, гордо напиша вчера на Twitter најбогатиот човек на светот.

Тоа е секако еден од најлудите деловни предлози, но прашање е како би поминало кај управниот одбор. Мора да се признае дека и Musk несогласувањата со Twitter го реши со сила на капиталот.

Некои го доведуваат во прашање неговото ментално здравје

Очекувано, неговиот коментар предизвика лудост на Twitter и многумина ја поздравија визијата на Маск за газираниот пијалак. „Не знам за вас, но … веќе ми се допаѓа новиот сопственик“, пишува еден фан.

Друг коментирал: „Тој е инспирација за претприемачите, визионерска и иновативна личност решена да ги постигне своите цели и покрај пречките на неговиот пат позитивно да влијае на светот“.

Многумина се сомневаа во психичката состојба на милијардерот, а еден корисник напишал: „Ова е лудо на ниво на Kanye West.“ Друг корисник коментирал: “Зошто би го направил тоа? Ова што си го кажал глупаво е. Порасни!”

Оригинален рецепт

Кога Coca-Cola е лансирана во 1800-тите, полна со кокаин и кофеин. Кокаинот, добиен од листовите на кока, бил отстранет во раните 1900-ти.

Најавата на милијардерот за купување на Coca-Col доаѓа откако Twitter се согласи на неговата понуда за преземање од 44 милијарди долари. Во изјавата за објавување на неговата огромна понуда, Musk рече дека сака да ја охрабри „слободата на говорот“ на страниците на социјалните мрежи бидејќи е загрижен дека компанијата наметнала премногу ограничувања на содржината.

„Слободата на говорот е основата на функционалната демократија, а Twitter е дигитален градски плоштад каде се дискутираат прашања од витално значење за иднината на човештвото“.