ВИЕНА – Комитетот за сообраќај на австрискиот парламент усвои амандман на Законот за сообраќај, со кој се предвидуваат повисоки казни за возачите кои не го почитуваат ограничувањето на брзината, а се овозможува забрзување на процесот на одземање на регистарски таблички и клучевите од автомобилот.
Врз основа на измената на Законот, полицијата има можност да им изрече значително повисока глоба на несовесните возачи, кои се дел од нелегалната „тјунинг“ сцена на градските трки, а во поголема мера го прекршуваат ограничувањето на брзината, бидејќи рамковниот е зголемена на 10.000 евра, пренесува Танјуг.
Со измената на законот се зголемија и минималните казни, а се воведе и можност полицијата на лице место да одзема регистарски таблички, објасни министерката за транспорт Леоноре Гевеслер.
Предвидена е минимална казна од 300 евра за илегално „преработените“ автомобили кои може да се наплатат на лице место.
По Комисијата за транспорт, законот во мај треба да го усвојат само уште горниот и долниот дом на парламентот.
Провинциите Виена, Корушка и Салцбург веќе најавија дека ќе формираат специјални единици за борба против илегалните трки.
Таканаречената „родранер“ и „тјунинг“ сцена во Австрија значително пораснала во последните години.
Групите се многу активни и добро вмрежени.
Организираат диви трки во градските средини, а со тоа го загрозуваат населението, посочуваат од полицијата.



















