ТОКИО – Роботите во фабриките во Јапонија извршуваат едноставни задачи или доставуваат храна до посетителите во рестораните.
Меѓутоа, сега научниците претставија робот кој може да ја изврши сложената задача да лупи банана без да ја стиска внатрешноста на овошјето.
Иако роботот е успешен во само 57 проценти од случаите, лупењето банани укажува на иднина во која тие ќе вршат посуптилни операции отколку поместување метални делови или доставување кафе, објави веб-страницата ndtv.
Видео на научник од Токио покажува дека роботот ја фаќа и ја лупи бананата со двете раце за околу три минути.



















