Список на намирници со подолг рок на траење што треба да ги имате во случај на недостиг

2282

Многу луѓе во последно време живеат во страв, без разлика дали се работи за нуклеарна војна или климатски промени, а оние кои планираат да преживеат знаат дека подготовката вклучува набавка на храна која може да трае, а не да се расипе и да обезбеди важни хранливи материи.

Брашното дефинитивно не е на списокот!

Мед

Медот е една од ретките намирници кои немаат рок на траење. Може да трае вечно, главно поради фактот што се состои од шеќер и има многу малку влага, што го отежнува опстанокот на бактериите или микроорганизмите во него. Може да се случи медот да почне да кристализира, но во тој случај можете да го вратите во првобитната состојба со загревање.

Ориз

Белиот ориз во сад без кислород ќе трае помеѓу 25 и 30 години, според американското Министерство за земјоделство и Управата за храна и лекови на САД. Имено, едно истражување покажало дека оризот спакуван во пластична кутија или стаклена тегла нема да ја изгуби својата арома или хранлива вредност дури и по три децении стоење.

Путер од кикирики

Путерот од кикирики може да се чува најмалку три до пет години, иако помалку е наведено на етикетата. Високата количина на масти и витамин Е „ја спречува оксидацијата и го продолжува рокот на траење“, вели Ричард Фолкс, постар научник од Институтот за истражување на храна на Универзитетот во Њујорк. Дури и да истече рокот на траење и путерот од кикирики го смени вкусот, нема да е штетен ако го јадете.

Жестоко

Неотворените шишиња со жестоки пијалоци како вотка, виски и рум ќе останат засекогаш за пиење доколку се складираат правилно. Само внимавајте да не бидат директно изложени на топлина или сончева светлина. Ова не важи за пијалоци кои имаат дополнителни состојки како што се ароми и ликери.

Грав

Долг рок на траење имаат и сувите мешунки (грав, грашок, леќа). Гравот и леќата можат да траат бесконечно ако се херметички затворени во стаклен сад, а конзервираниот грав може да трае и со години доколку се чува на ладно и суво место.

Енергетски плочки

Според PBS Food „водич за преживување на зомби апокалипса“, енергетските плочки се задолжителни на списокот затоа што „во основа траат вечно“ и се корисни како „гориво“ во итен случај.

Слатки

Јадењето слатки кои подолго време стоеле можеби не се големо задоволство, но веројатно нема да ви се слоши од нив. Тврди бонбони, темно чоколадо, желе бонбони и карамели може да траат околу една година, но на пример млечното и белото чоколадо треба да се фрлат по шест до девет месеци.

Супа од коцки

Супите со коцки, особено ако се вегетаријански, можат да траат и до една година по истекот на рокот. Се додека влагата не влезе во пакувањата. Можеби се помалку вкусни, но нема да бидат штетни.

Конзервирана храна

Конзервирано овошје, зеленчук, па дури и месо ќе траат од една до пет години. Според Министерството за земјоделство на САД, „конзервираната храна со висока киселост (како што се доматите и овошјето) ќе го задржат својот најдобар квалитет 12 до 18 месеци, додека конзервираната храна со ниска киселост (како месото и зеленчукот) ќе задржат два до пет години.”

Млеко во прав

Нормално млеко во прав официјално има рок на траење од 18 месеци, но Spruce Eats пишува дека може да се користи од две до десет години по тој рок, и дека некои продавници за преживување продаваат млеко во прав со малку маснотии со рок на траење од 25+ години. Американското Министерство за земјоделство наведува дека млекото во прав е стабилна храна и може да трае бесконечно.

Инстант кафе

Зависниците од кофеин не треба да се грижат, инстант кафето може да трае вечно, особено ако се чува спакувано во замрзнувач. Може да стои на полица помеѓу две и 20 години, според Eat by Date.

Крекери

Брашното ќе трае само една година, но брашното, солта и водата може да се комбинираат за да се направат крекери за кои Survival Life тврди дека можат да стојат неколку години. Тврдите крекери треба да се потопуваат во вода или да се пржат во путер за да се јадат.

Сол, шеќер, оцет

А кога станува збор за вкусот, добро е да се знае дека солта, без разлика дали е морска или камена, не се расипува и останува свежа и употреблива засекогаш. Шеќерот е исто така една од намирниците што не се расипуваат, иако со текот на времето може премногу да се стврдне. На крајот, оцетот нема рок на траење, тој е заштитен од распаѓање со киселина која ја содржи.