ФАТАЛНИ СОЛАРНИ ФАКЕЛИ | Геомагнетната бура ги оневозможи скоро сите неодамна лансирани сателити на Space X

1181

Во предупредувањето се спомнуваат соларни факели кои настанале по голема експлозија на соларната плазма и електромагнетно зрачење на површината на Сонцето.

Геомагнетната бура предизвикана од голем сончев одблесок оневозможи најмалку 40 од 49 сателити неодамна лансирани од SpaceX како дел од комуникациската мрежа Starlink, соопшти компанијата.

Во соопштението објавено на веб-страницата на компанијата во вторникот се вели дека сателитите биле оштетени минатиот петок, еден ден откако биле лансирани и ставени во орбитата на околу 210 километри над Земјата.

Сателитите беа испратени со ракетата SpaceX Falcon 9 која полета од вселенскиот центар Kennedy на Флорида. Нивното лансирање се случи за време на геомагнетна бура минатата среда и четврток, за која биле предупредени од американскиот Space Weather Prediction Center.

Оптоварување кое ниту сателитите не можеле да го поднесат

LeoLabs Partners with SpaceX to Track Starlink Satellite Deployments | by LeoLabs | Medium

Во предупредувањето се спомнуваат соларни факели кои настанале по голема експлозија на соларна плазма и електромагнетно зрачење на површината на Сонцето, а биле забележани на 29 јануари оваа година. Се претпоставува дека три дена подоцна, на 1 февруари, стигнале до планетата Земја.

Според истото предупредување, условите погодни за геомагнетни бури би можеле да траат до 3 февруари.

Според SpaceX, брзината и моќта на сончевата бура ја загреале атмосферата на Земјата и ја зголемиле нејзината густина во орбитата на сателитите. За краток временски период имало премногу товар што сателитите не можеле да го издржат.

“Ова е без преседан колку што знам”

Операторите на Starlink сториле напор го намалат оптоварувањето, но неуспешно за повеќето сателити, кои потоа биле спуштени на пониски нивоа на атмосферата каде што изгореле, според SpaceX.

„Ова е без преседан колку што знам“, изјави за Reuters астрофизичарот од Универзитетот Harvard, Jonathan McDowell. Тој додаде дека сѐ уште не наишол на случај во кој откажувањето на сателитот е предизвикано од зголемената густина на атмосферата, по сончева бура. Дефектот на сателитот обично се јавува поради поголемо електромагнетно зрачење.

SpaceX, ракетна компанија со седиште во Лос Анџелес, основана од претприемачот и милијардер Elon Musk, лансира стотици мали сателити во орбитата од 2019 година како дел од широкопојасната услуга Starlink на Маск.

Компанијата на крајот предвидува констелација од приближно 12.000 сателити.