Шест македонски радио-станици, во чест на Аки го емитуваат новиот сингл на „Парни ваљак“

1483
Аки Рахимовски, фото: Марко Шолиќ

Шест македонски радио-станици, во чест на Аки го емитуваат новиот сингл на „Парни ваљак“.

Во чест на Аки Рахимовски, денес (четврток, 27-ми јануари во 15 часот), во време кога во Загреб ќе се одвива церемонијата на испраќањето на Аки, шест македонски радио станици во исто време ќе го емитуваат последниот сингл на „Парни ваљак“ – песната „Поново“, последната песна на Аки Рахимовски.

Песната „Поново“ во Македонија ексклузивно ќе се емитува во 15 часот на националното радио Бубамара, како и на Метрополис Радио Мрежа, Скај радио, Супер радио од Охрид, како и на две интернет-радио станици – Анторис радио, и радио Мост.

Croatia Records и „Парни ваљак“во спомен на Аки ја покренаа иницијативата преку која, на посебен начин, се простуваат од неповторливиот пејач. Повеќе од 150 регионални радио-станици во исто време ќе го емитуваат синглот, и на тој начин, ќе испратат последен поздрав до музичкиот великан.

Синглот „Поново“, авторско дело на Хусеин Хасанефендиќ Хус, требаше да претставува најава за новиот албум на Парни ваљак, и за нивната скорешна голема турнеја…

– Најзначајниот рок бенд на нашите простори со песната „Поново“ се збогува со човекот чиј живот беше музиката, кој со својата неуништлива енергија стана синоним за врвен фронтмен и пример за генерации. Аки наеднаш не напушти, но неговиот дух и глас ќе останат засекогаш впишани во сите нас кои пораснавме со „Парни ваљак“, се заљубивме, се смеевме и плачевме – се вели во заедничкото соопштение на Кроација рекордс и на „Парни ваљак“.

Ivan Beckovic
Croatia Records Makedonija