Новото истражување покажало дека пушењето електрични цигари е многу помалку штетно од пушењето обични цигари, но не е без последици.
Мажите кои користат електронски цигари имаат двојно поголема веројатност да заболат од еректилна дисфункција во споредба со оние кои не ги користат, покажа истражувањето, пишува LadBible.
Истражувачите испитале повеќе од 13.000 мажи на возраст над 20 години и откриле дека оние кои користеле електронски цигари имаат 2,2 пати поголема веројатност да бидат импотентни во споредба со мажите кои никогаш не пушеле такви цигари, без оглед на другите фактори на ризик.
Слично на тоа, во помал примерок од мажи без историја на кардиоваскуларни болести, мажите кои пушеле електронски цигари имале 2,4 пати поголема веројатност да страдаат од еректилна дисфункција во споредба со оние кои не пушеле.
Вреди да се напомене дека студијата – објавена во Американското списание за превентивна медицина во вторникот, 30 ноември 2021 – не идентификувала причинско-последична врска. Понатаму, се покажало дека пушењето електрични цигари е многу помалку штетно од пушењето обични цигари.
Пушењето електрични цигари е помалку штетно од пушењето обични цигари
Сепак, истражувачките тимови од Медицинскиот факултет на Универзитетот New York (NYU) Grossman School of Medicine и Универзитетот Johns Hopkins се надеваат дека студијата ќе послужи како потсетник дека пушењето електронски цигари не е без ризик.
Др. Omar El Shahawy, главен автор на студијата и доцент на Одделот за јавно здравје на NYU Langone, изјави за Insider:
„Генерално, електронските цигари се веројатно помалку штетни од пушењето цигари доколку го заменат пушењето цигари. Мажи кои пушат и сакаат да се префрлат на електронски цигари бидејќи се помалку штетни, треба да се обидат да го ограничат пушењето бидејќи тоа едноставно не е без ризик“.
Пушењето долго време било поврзано со сексуална дисфункција, потенцијално поради влијанието на неконзистентните нивоа на никотин врз васкуларната функција. Се смета дека и електронските цигари би можеле да имаат сличен ефект.
Др. El Shahawy изјави: „Можно е секојдневното пушење електронски цигари да биде поврзано со поголеми шанси за еректилна дисфункција без оглед на историјата на пушење.
Треба целосно да ја истражиме врската помеѓу е-цигарите и еректилната дисфункција и потенцијалните импликации за сексуалното здравје на мажите. Нашите наоди ја нагласуваат потребата од дополнителни студии за да се разјасни моделот на употреба на е-цигари кој е релативно побезбеден од пушењето.“
E-cigarettes may cause erectile dysfunction… possibly through endothelial dysfunctionhttps://t.co/lj937sJYuC pic.twitter.com/2CNkxai9i7
— Giuseppe Biondi-Zoccai (@gbiondizoccai) May 1, 2021
Не е без ризик
Одговарајќи на студијата, консултантот андролог Giulio Garaffa – од приватната здравствена клиника International Andrology во Лондон – рече дека штетата предизвикана од е-цигарите веројатно е помалку сериозна од обичните цигари.
„Идејата за користење електронски цигари кои негативно влијаат на способноста на мажите да постигнат ерекција има основа.
Никотинот има моментален, краткотраен вазоконстрикторен ефект, така што може да го намали протокот на крвта во пенисот и негативно да влијае на способноста за ерекција. Со време, вазоконстрикторниот ефект на никотинот исчезнува без долгорочен ефект врз ерекцијата“, изјави за Daily Mail.
„Наместо тоа, хемикалиите што ги вдишуваат пушачите на тутун, исто така, ќе предизвикаат долгорочно оштетување на крвните садови, предизвикувајќи долгорочно влошување на ерекцијата“, заклучи тој.



















