Јајцата во борба со вишокот килограми

1259

Ако секој ден јадете јајца за појадок, можете да го намалите чувството на глад, да гонамалите гладот на ручек и во текот на целиот ден, потврдува новото истражување.

Доктор Марија Луз Фернандез, професор по нутриционист на Универзитетот во Конектикат и автор на студијата, вели:

“Експериментот со мажи корисници на јајца за појадок докажува дека на ручек тие земале помалку храна, иако на учесниците им била обезбедена шведска маса“.

Истражувањето е продолжение на друг научен експеримент, според која употребата на јајца како состојка на нискокалорична диета, помогнало на луѓето со прекумерна тежина и да се чувствуваат поенергични.

Според зборовите на професор Фернандез, податоците ја покажуваат важноста на протеините во исхраната. По таков појадок човек доживува чувство на ситост подолго време. Притоа јајцето содржи само 70 калории. Професорката повикува да се јаде јајцето цело, бидејќи како протеинот, така и жолчките содржат корисни материи.

Бенефитот на јајцата во борбата со вишокот килограми беше докажано во рамките и на истражување на британски научници. Во него учествувале повеќе од 400 волонтери на средна возраст од 44 години, поделени во две групи.

Учесниците во првата група биле подложени на нискокалорична диета за 12 недели, при целосно исклучена употреба нао јајца. Втората група не била подложена на такви искушенија, но секој ден требало да јадат по две јајца, приготвени на секакви можни начини.

По завршувањето на испитувањето се покажало дека претставниците на двете групи ослабеле подеднакво. Во врска со овие податоци, научниците тврдат дека откажувањето од потрошувачка на јајца при диети за слабеење сосема не е задолжителна.