Резултатите покажале дека 81% од примероците за брза храна содржат опасни фталати.
Авторите на новата студија пронашле неколку различни фталати, како и други хемикалии наменети да ги заменат фталатите во широката понуда на брзата храна во САД, вклучувајќи го помфритот, буритото и чизбургерите… пишува Independent.
Авторите на оваа студија тврдат дека треба да се направи повеќе за да се задржат овие хемикалии подалеку од храната што луѓето ја консумираат. Фталатите се пластификатори кои се широко користени и кои даваат флексибилност на пластиката и другите супстанции. Тие се исто така еден вид хемикалија која го нарушува ендокриниот систем и која ги имитира или на друг начин ги нарушува хормоните кои човечкото тело природно ги произведува, како што се тестостеронот и естрогенот.
Студиите спроведени на животни и луѓе покажале дека поголемата изложеност на таква група хемикалии, вклучително и фталатите, можат негативно да влијаат на развојот на децата и да го зголемат ризикот од здравствени проблеми како астма, дебелина и проблеми со плодноста во подоцнежниот живот, иако точната сериозност не е јасна.
Научниците од Универзитетот George Washington откриле дека брзата храна е можеби особено богат извор на изложеност на овие хемикалии во последниве години.
Зголемено ниво на фталати во урината
Нивната студија од 2018 година анализирала примероци на урина од Американци кои учествувале во националното репрезентативно истражување и открило дека оние кои изјавиле дека неодамна јаделе во ресторани за брза храна имале зголемено ниво на фталати од оние што јаделе дома.
Во новото истражување на истите научници, тие се концентрирале на самата храна. Тие собрале 64 примероци храна од шест различни ресторани во областа Сан Антонио во Тексас, а меѓу нив имало пицерии, ресторани за хамбургери и Tex-Mex ресторани. Од овие ресторани собрале и ракавици, кои вработените во ресторанот ги користат за приготвување и послужување храна.
Сите собрани примероци се тестирани на обични фталати, како и други пластификатори кои почнале да се користат како наводна замена за фталатите.
Резултатите покажале дека 81% од примероците на храна содржат di-n-butil falat (DnBP), додека 70% од нив исто di(2-etilheksil) tetraftalat (DEHT) или нефталатен пластификатор.
Некои истражувања сугерираат дека DEHT можеби е побезбеден од другите фталати, но поблиски истражувања за ефектите на овој пластификатор врз човечкото тело досега не се направени, па авторите на оваа нова студија ги доведуваат во прашање таквите тврдења.
Примероците од месо, вклучително и чизбургери и пилешки бурито, обично имале највисоки нивоа на овие хемикалии.



















