“Не само што оралната вакцина против Ковид-19 би била поедноставна и поприфатлива, туку може да доведе и до подобар имунитет”, рече водачот на тестирањето на вакцината.
Тестирањето на експерименталната орална вакцина како засилувачка вакцина против коронавирусот, која би можела да се даде на луѓе кои веќе имаат антитела од претходната вакцина или историја на болеста, покажа ветувачки резултати кај мајмуните и најверојатно наскоро ќе биде тестирана на луѓе, соопштија од компанијата.
Поедноставна и поприфатлива вакцина
Оралната засилена (booster) доза на вакцината користи традиционална технологија на вакцини во која безопасниот вирус „носител“ доставува протеини од коронавирусот до клетките на површината на јазикот или на слузницата на образот и грлото, стимулирајќи го производството на антитела кои можат да го блокираат вирусот пред да се вкорени во телото, изјави д-р Stephen Russell, извршен директор на Vyriad во Rochester, Minnesota, водач на студијата.
“Не само што оралната вакцина против „Ковид-19“ би била поедноставна и поприфатлива, туку може да доведе и до подобар имунитет бидејќи се дава на местото каде што коронавирусот обично влегува во телото”, додаде тој.
Нивото на антитела кај мајмуните се зголемило за 100 пати
“Кај мајмуните, една недела по вакцинацијата, нивото на антителата се зголемил речиси 100 пати, без никакви несакани ефекти”, рече Russell.
Резултатите од студијата се објавени на bioRxiv. Се вели дека Vyriad работи со американската Администрација за храна и лекови за да планира испитувања на луѓе. Студијата сè уште не ја поминала стручната рецензија.



















