ИНТЕРЕСНИ ФАКТИ ЗА ОГНОТ

1780

1. Земјата е единствената позната планета каде што огнот може да гори. На другите планети едноставно нема доволно кислород. Колку повеќе кислород, толку е потопол огнот.

2. Пламенот на свеќата е син на дното, затоа што од тој дел огнот зема кислород, а жолт на врвот, каде што го согорува.

3. Огнот создава вода. Ако не верувате, загрејте празна, сува метална лажица на оган и ќе видите вода во неа.

4. Изгорени коски и пепел покажуваат дека нашите предци палиле оган пред повеќе од 400.000 години

5. Природата е полна со чуда, па затоа не треба да се чудите и за едно поврзан со огнот. На околу 220 километри северно од Сиднеј, се проценува дека јагленот гори веќе 500.000 години – без престан.

Огнено торнадо (огнен вител / огнен ѓавол) е феномен кој ретко е фатен со камера, во кој пожарот, под одредени услови (во зависност од температурата на воздухот и струјата) создава вител.

6. Старите Грци палеле оган со концентрирана сончева светлина. Параболичните огледала што ги фокусираат сончевите зраци сѐ уште се користат за палење на олимпискиот факел.

7. На секои 52 години, кога нивниот календар го завршува циклусот, Ацтеките гаснат сѐ и еден пламен во кралството. Првосвештеникот потоа ќе запали нов оган над отворените гради на жртвата. Пожарот произлезен од тој пламен бил пренесуван во другите делови од земјата.

8. Во 1666 година, голем пожар во Лондон уништил 80% од градот, но во исто време ставил крај на чумата која убила повеќе од 65.000 луѓе претходната година. Во пожарот изгореле сите стаорци и муви, кои биле носители на бактеријата.

9. Самозапалувањето не е само мит. Некои извори на гориво можат сами да генерираат топлина. На пример, ф’стаците имаат толку многу природни масла кои се склони кон самозапалување што се означени како „опасни материи“ во транспортот.

10. Секој ден громови ја погодуваат земјата над 1.000.000 пати (поточно: просечно 1.728.000 громови ја погодуваат земјата секој ден. Иако бројката звучи неверојатна, овој природен феномен е од суштинско значење за одржување рамнотежа помеѓу земјата и атмосферата). 10% -20% од овие удари започнуваат (најчесто помал) оган.