Страдате од целулит? Не сте единствените! 80% од жените во светот имаат кожа како кора од портокал, па дури и ѕвезди како Ким Кардашијан и Сиена Милер.
Во аптеките и дури и големите супермаркети има безброј производи кои ветуваат дека ќе ве ослободат од грдите дупчиња, но според специјалистот Наталија Робинсон, која се грижи за убавината на голем број холивудски имиња, лекот се крие во кујната.
Станува збор за две едноставни состојки кои се мешаат и нанесуваат на кожата – имено: сода бикарбона и мед од манука.
“Масажата на нозете со мед ќе ја подобри циркулацијата и лимфниот тек. Содата бикарбона е природен пилинг, а медот ја навлажнува кожата. Тој е природна компонента која ја намалува појавата на целулитот без да се соочува организмот со токсини и хемикалии кои често се среќаваат во козметичките производи“, објаснува Наталија.
Како да си направите домашна маска против целулит?
Една лажичка сода се меша со една лажичка мед до постигнување хомогена смеса. Додадете и малку вода и нанесете ја смесата со масажа во кружни движења во областите кои се погодени од целулитот – нозете, стомакот. Масирајте интензивно во текот на 3-5 минути, додека не ја почувствувате кожата помазна. Потоа нанесете мед на зоната со целулит и започнете да го масирате со дланки местото во период од 4-7 минути.
Наталија осигурува дека тоа “вежба” ќе ја подобри циркулацијата и ќе ја намали појавата на целулит.
“Внимавајте да не претерате со силата и времето за масирање, бидејќи така ќе може да пукнат капилари”, предупредува Робинсон.



















