Навидум здрава храна, но таа може да не здебели

1446

Има една група на храна која на прв поглед изгледа “здрава” и се рекламира како “диетална”, но всушност не ги содржи најважните и корисни состојки и практично го зголемуваат наместо да ја намалуваат тежината.

Значи, ако сакате да изгубите тежина, подобро веднаш да ги извадите од менито.

Засладувачи

Тоа е вештачки производ произведен од неприродни хемикалии. Нашите тела не се создадени да апсорбираат такви хемикалии кои се создаваат и се обработуваат во лабораториите. Овие вештачки состојки се чуваат во нашето тело во форма на масти и нè тераат да добиваме на тежина!

Соино млеко

Малкумина од вас знаат дека во трговската мрежа соиното млеко е од толку низок квалитет и штетно, колку и секоја друга опасна хемикалија. Луѓето велат дека соиното млеко помага во процесот на слабеење и придонесува за подобро здравје, но тоа не е така. Мастите во него се малку, неговиот квалитет е лош и затоа недостасуваат корисни хранливи состојки. Таа не се преработува подобро од организмот (заради обработката од машините во прехранбената индустрија) и на тој начин станува токсична и води до дебелеење.

Маргарин

Маргаринот е вештачко масло, што придонесува за несаканите масти во телото. Наместо да користите маргарин, обложете се на домашно масло. Тоа содржи корисни масти, кои му даваат поттик на метаболизмот.

Овошни сокови

Конзервираните сокови го содржат истото количество шеќер, како и повеќето безалкохолни пијалоци. Земањето го зголемува нивото на шеќерот во крвта и го олеснува чувањето на несаканите масти во телото. Друга причина поради која овие сокови се штетни се хемикалиите кои им ги даваат и ја одржуваат нивната боја.

Пченкарен леб

Полнозрнестиот леб често е сметан за еден од најздравите видови храна. Но повторно хемикалиите кои тој ги содржи, за да биде вкусен и погоден за јадење со денови, се штетни за нашето тело. Пченицата во полнозрнестиот леб може да има генетски модифицирани состојки.