Гинеколошки преглед откри дека има два вагинални отвори | “Мајка ми се збуни кога ja прашав во која дупка тоа оди”

1963

Гинеколошки преглед откри дека Tee Bartlett имала два вагинални отвори.

Оваа состојба можела да ѝ ги отежне сексуалните односи, додека бременоста и породувањето би можеле да бидат опасни, па хируршки ја отстранила бариерата помеѓу двете вагини.

Tee Bartlett е 24-годишна девојка од Австралија, родена со две вагини. Како тинејџерка, мислела дека е „нормално“ да користи два тампони одеднаш пред да ѝ биде констатирана ретката дијагноза, пренесува Daily Mail.

Кога ја прашала мајка си „во која дупка“ треба да се стави тампонот, таа веднаш ја однела на лекар. На 16 -годишна возраст, конечно ѝ била дијагностицирана вагинална преграда (septum) – состојба во која женскиот репродуктивен систем не е целосно развиен, оставајќи ја разделната мембрана на ткивото во вагината.

Чекање на дијагноза

Кога ги посетиле лекарите, Ти вели дека тие игнорирале сѐ што зборувала таа.

“Друг лекар ме прегледа и рече дека сѐ е нормално и нѐ избрка од ординацијата. Бев во целосен шок. Се чувствував лудо бидејќи имав две вагини. Мислев дека ќе полудам, не си верував на себе си”, призна Tee.

Сепак, таа не се откажала и побарала трето мислење од гинеколог кој на крајот потврдил дека има два вагинални отвори. Таа ја предупредила Ти дека состојбата може да ѝ ги отежне сексуалните односи, додека породувањето може да биде опасно, па следната година хируршки ја отстранила преградата.

Tee Bartlett

Ѝ се јавуваат жени со слични приказни

“Септумот беше премногу дебел за да се сече и беше долг како прст, досегајќи сѐ до грлото на матката. Вагиналниот септум е нормален за бебињата во матката, но треба да се распадне. Мојот никогаш не се распаднал. Беше подебел и подолг од нормалниот, поради што морав да се оперирам”, објасни девојката, додавајќи дека “некој може да заглави во неа за време на сексот, бидејќи еден од отворите е за половина помал од нормалниот”.

“Тоа ме полуде. Моето тогашно момче е моето сегашно и добро реагира кога му кажав за мојата состојба. Тој рече дека ќе се справиме со тоа кога ќе дојде време”, открива Tee Bartlett.

Откако го сподели своето искуство на социјалните мрежи, многу жени ја контактирале со слична приказна.

“Мило ми е што не сум единствена. Едно време мислев дека сум идиот затоа што не сфатив дека не треба да имам два отвори таму долу. Но, откако објавив видео за тоа, разбрав дека ниту една од жените со иста состојба тоа не го знаела. Не се грижам повеќе за тоа. Сега тоа е зад мене”, заклучи таа.