Јаткасти плодови можат да се најдат буквално насекаде во последно време, а сѐ почесто се споменуваат во контекст на здрава исхрана…
Но, ако треба да изберете само еден вид јаткасти плпдови за консумирање, тоа дефинитивно треба да бидат индиските оревчиња. Зошто? Накратко, индиските ореви се полни со здравствени придобивки кои едноставно не смеете да ги игнорирате. Подолу се само неколку од нив.
Индиските ореви се добри за вашата кожа, коса и коски
Една рака индиски ореви (приближно една четвртина чаша) ќе задоволи дури 98% од препорачаната дневна потреба од бакар! Иако може да изгледа чудно дека треба да се консумира бакар, тој е многу важен за производство на меланин, кој е од суштинско значење за производство на пигменти на кожата и косата. Индиските ореви се богати и со железо и магнезиум, кои се клучни за одржување на здрави коски.
Индиските ореви се богати со протеини
Исто како и повеќето јаткасти плодови, индиските ореви се одличен начин да ја задоволите дневната потреба на вашиот организам за протеини. Една рака индиски ореви содржи дури 5 грама протеин, така што дури и малите порции се многу корисни и богати со хранливи материи. Исто така, индиските ореви се одлична закуска после вежбање.
Индиските ореви лесно можете да ги вклучите во вашите оброци
Индиските ореви се без сомнение најразновидните јаткасти плодови. Можете да ги ставите во чинија со овесна каша или смути за да го збогатите вашиот појадок, салата за здрав ручек или да ги ставите во пржено јадење за вечера. Опциите се речиси бесконечни.
Индиските ореви се полни со добри масти
Сигурно сте слушнале дека индиските ореви се меѓу најмрсните јаткасти плодови, но важно е да разберете какви масти се тие. Дури 82% од овие масти се всушност незаситени масни киселини, од кои 66% се мононезаситени. Со други зборови, тие се многу здрави масти кои го намалуваат ризикот од разни срцеви заболувања.