Избегнувајте ги овие намирници доколку сте настинати!

1166

Ако сте настинати, храната веројатно не е нешто за која размислувате премногу, но порано или подоцна треба да јадете нешто…

Она што го избирате во тие ситуации е многу важно затоа што од некои намирници и пијалоци може да ви биде уште полошо. Ако сакате да оздравите што е можно поскоро, задолжително избегнувајте ги овие 8 намирници и пијалоци.

Кафе

Доколку чувствувате симптоми на било која болест, а особено стомачен вирус, задолжително обидете се да го прескокнете утринското кафе. Кофеинот е диуретик, така што постои шанса да останете дехидрирани после кафето. Оваа ситуација воопшто нема да ви помогне бидејќи хидратацијата е таа што му помага на имунолошкиот систем да се одбрани од вируси и инфекции. Кафето има уште полош ефект ако се борите со повраќање или дијареа, особено поради фактот што кофеинот ги стимулира мускулите во дигестивниот тракт, поради што може да почувствувате уште поинтензивни симптоми.

Слатки

Конзумирање на преработен шеќер може привремено да ја наруши способноста на белите крвни клетки да се борат против бактериите. Вашиот имунолошки систем е послаб до неколку часа по консумирање бисквити, слатки или засладени житни култури, што значи дека ќе биде помалку ефикасен во борбата против бактериите. Исто така, шеќерот може да ја извлече водата од дигестивниот тракт, што може да доведе до дијареа.

Газирани сокови

Исто како и кафето, и газираните сокови кои содржат кофеин може да доведат до дехидрација. Дополнителен проблем е фактот дека газираните сокови се полни со шеќер, кој ја намалува способноста на имунолошкиот систем и негативно влијае на дигестивниот систем. Забранети се и диеталните газирани сокови бидејќи се полни со вештачки засладувачи кои можат да доведат до надуеност и грчеви. Со други зборови, газираните сокови само ќе ги влошат симптомите кои веќе ги имате, затоа обидете се да ги замените со пијалоци со помалку шеќер и повеќе електролити (како спортски пијалоци и кокосова вода).

Крцкави закуски

Ако имате болки во грлото, не заборавајте да го прескокнете чипсот и сличните грицки. Грубата текстура на закуските како чипсот, гранола плочки, па дури и препечен леб или тост може да биде многу непријатна за вашето веќе болно грло. Исто така, колку повеќе го иритирате грлото, толку повеќе време ќе треба да се излечи.

Алкохол

Прескокнете ги алкохолните пијалаци ако имате било какви болести, особено стомачен вирус. Алкохолот, исто како и кафето, е диуретик кој може да ја влоши дехидрацијата. Во тој случај, алкохолот ќе има многу посилен ефект и може да го забрза варењето, што може да ги влоши симптомите на стомачниот вирус.

Многу зачинета храна

Ако ве мачи течењето на носот, држете се подалеку од лута и зачинета храна. Чили пиперките и лутиот сос ја добиваат својата „топлина“ од капсаицинот, состојка која може да ги иритира дишните патишта и да предизвика течење на носот. Ова само ќе ги влоши симптомите, но ако имате затнат нос, тогаш лутите пиперки ќе ги олеснат симптомите за некое време.