Мачките се познати по тоа што можат да ве гледаат во очи и да молат за секој ваш залак, иако нивниот сад со храна е преполн.
Во вакви ситуации треба да одолеете на нагонот да ѝ ја отстапите целата порција, со оглед на тоа што е препорачливо да јаде само од храната наменета за мачки.
Во никој случај не треба на мачките да им давате живо месо, јајца или риба, ниту пак сушено овошје. Штетни за нив се и кафето и газираните сокови, чоколадите и другите десерти, лук, кромид, јатки или неиспечено тесто. Што било од ова може да предизвика стомачни проблеми кај вашето милениче, па дури и да биде отровна за нив.
Од друга странам оброкот на мачката можете да го збогатите со варен грашок или морков, или пак со тврдо сварено јајце. Овие видови храна се безбедни за мачката, но може да не ѝ се допадне вкусот.
Два до трипати месечно можете да ѝ дадете сварена риба или да измешате сварен ориз во месната храна. Можете да додадете и палента. Кога е месото во прашање, никогаш не давајте го сирово, туку сварено и во сосема мала количина.