Ископани клучни докази дека една катастрофата од Библијата навистина се случила – но и дека целата вистина не е кажана!

1597

Запалено дрво, скршени тегли, па дури и лушпи од риба ја раскажуваат приказна стара 2600 години.

За време на археолошките ископувања во градот на Давид, Ерусалим, археолозите пронашле докази кои потврдуваат дека опишаниот настан во Библијата навистина се случил. Истражувачите од Националната архива во Ерусалим откриле и многу антички предмети кои датираат од околу 2.600 години.

За ова сведочи и цитата од Библијата во кој се опишува како Вавилонците го спалиле Ерусалим. Се смета дека Ерусалим бил освоен околу 587 година п.н.е., пишува IFL Science.

Пронајдени предмети под слој од камења

На ископините се пронајдени спалени глинени садови, дрво, семки од грозје и коски, кои биле прекриени со слој од пепел, а што нудат дополнителни докази дека Вавилонците ги запалиле сите куќи во Ерусалим, како е опишано во книгата на пророкот Јеремија.

Истражувачите од израелската агенција за антика предметите ги откриле под камени слоеви. Меѓу останатото, пронашле и на десетина садови во кои кои чувале жито и пијалак. Садовите биле со рачки со цветни печати, што им помогнало на истражувачите да ги датираат на 2.600 години стари.

Д-р Јое Uzіеl, водачот на ископините, изјавил: „Овие печати се карактеристични за крајот на периодот на Првиот Храм. Биле користени во административниот системразвиен кон карјот на династијата на Јуда“.

Приказната сепак е малку “напумпана”

Веблијкиот приказа на овој настан може да се најде во Книгата на Еремија во која пишува:

„На десеттиот ден од петтиот месец, во деветнаесеттата година од владеењето на вавилонскиот крал Набукодонозор, Небузарадан, комадирот на личната стража, влезе во Ерусалим“.

Наодите покажуваат дека голем дел од градот брзо изгорел со силен пламен. Сепак, дополнителните наоди покажуваат дека одредени делови од градот биле напуштени за да избегнат уништување. Ова спокажува дека согорувањето не било толку големо како што е наведено во Библијата.

“Изгледа дека сите згради не изгореле во еден пожар. Изгледа дека некои од нив се уништени во пожарпт, а некои од нив се напуштени”, објасни д-р Joe Uziel.